Добредојдовте на
gevgelija.net
Со нов дизајн и многу новости!
Добредојдовте на gevgelija.net!
Секој град има раѓање, постоење, име луѓе, пејсаж, симбол, сегашнина и иднина. Секој народ го бележи својот пат низ летописот на поколенијата-да се создава светот од денес за во иднина и да ја печати опстојбата до вчера. Само така се негува вековната традиција, духот како огледало на културното живеење. Ако може да се поттикне добриот патник намерник да го посети домот на гостопримството, тогаш тоа сигурно ќе го стори топлината на градот, градот на најјужната точка во Република Македонија, крај самата граница со Република Грција, градот на срдечноста - ГЕВГЕЛИЈА. Некогаш Гевгелија бил град на незаборавните серенади, денес Гевгелија е град на сонцето, град на топлината. |
![]() |
